-
На 25 јануари 2005 година, со Указ на Претседателот е прогласено донесувањето на Законот за оружјето, чија примена ќе почне осум дена од објавувањето во Службен весник
-
6 април 2006 година - примената на Законот, донесен во јануари 2005 година, се одложува за јануари 2007 година
-
28 март 2007 (три месеци откако почна да се применува) – донесени 66 члена измени и дополнувања на оригиналниот закон од 90 члена
-
Јули 2008 година - измени и дополнувања во 21 член
-
-
Мај 2010 - измени за легализација и доброволно предавање во најблиската полициска станица, „секоја сабота од 8,00 до 16,00 часот, во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон“ (24 члена) (важел до 1 јуни 2011)
Член 23 „Со влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за доброволно предавање и собирање огнено оружје, муниција и експлозивни материи и за легализација на оружјето („Службен весник на Република Македонија" број 37/2003 и 9/2004)“ -
Ноември 2011 година – измени за воведување на нови одредби од закон за прекршоци, како признавање на казна и намалување на глоба – порамнување
-
Август 2013 година – измени на дефинициите во појмовникот, измени во категоризацијата на оружјето, четврти пат измени за стручниот испит за ракување со оружје – измени и дополнувања од 50 члена од 90 на оригиналниот закон
-
-
Септември 2013 година - веќе следниот месец, повтроно измени за стручниот испит, 15 члена
-
Август 2015 година - 10 члена измени во делот на прекршочните одредби
-
Ноември 2015 година – измени во 7 члена, повторно за стручниот испит и прекршоците
-
Март 2016 година, измени во 12 члена и нови прекршочни одредби
-
Мај 2018 година – повторно измени во категоризацијата, измени во 38 члена